Остануваат уште многу малку денови од крајот на старата и почетокот на Новата 2026-та година. Период кога почнуваме да си го посакаме она што најмногу ни треба, ни значи, што ни е најголема желба, цел, план, неостварен сон во годината што тукушто започна. Секако и себе си и на оние кои ни се најблиски, најмили, најдраги…
А новогодишните честитки со желби и посакувања од кој тип и да се, како по обичај содржат еден магичен збор – МНОГУ! Многу здравје, многу среќа, многу бериќет, многу љубов, многу пари… И уште многу, многу, други „МНОГУ“ за разни нешта! Тоа колку и да изгледа како некакво клише, полека се вткајува како некаква традиција, како некое непишано правило за грст желби од многу арно да не куртулиме. И ние и нашите најмили и најблиски. И кај никого не е поразлично.

Социјалните мрежи се огледалото на се’ она што рефлектираме, па служат и како ѕид на желби.
Пејачката Тамара Тодевска токму преку Инстаграм му ја испрати својата новогодишна желба во Дедо Мраз која гласи вака:
-Драг Дедо Мраз, оваа годинасакам само три работи: хормонски баланс, квалитетен сон и нервен стистем кој ќе остане смирен и покрај викањето 50 пати „мама, мама, мама“- и да, толку, желба која наедно има само три нешта, а впрочем крие многу…

Оваа желба е вирален хит меѓу мајките на Инстаграм, а и Тамара и тоа како се пронајде во истата.

Силно веруваме дека Дедо Мраз ќе направи калкулација меѓу детските желби и оние на мајките, па ќе се најде некоја средина за баланс во 2026-та.
Со лесно!
фото:Instagram printscreen/tamaratodevska






