Промотер

Дијана Оу Џи проклето искрена за се’ што лично (н)и се случува, за целиот хаос во и околу нас, силно на глас, проба да најде – „Баланс“ (ВИДЕО)

Дијана Оу Џи проклето искрена за се’ што лично (н)и се случува, за целиот хаос во и околу нас, силно на глас, проба да најде – „Баланс“ (ВИДЕО)

Македонската траперка Дијана Дурлевиќ, попозната како Дијана Оу Џи по се’ што по следнава година доживеа и преживеа, откако ги „одробија гревовите од минатото“, собра сили да и се врати на музиката и да го претстави својот најнов музички проект. Песна и видеоспот, со кој уште еднаш го потврди својот оригинален и прилично автентичен стил, силен музичко-визуелен идентитет и јасна уметничка визија. Со тоа што овој пат проклето искрена, решила да расчисти со се’ што ја повредува, се што лично (н)и се случува, па за целиот хаос во и околу нас, пробала да најде… „Баланс“.

Токму така е насловена нејзината последна песна која заедно со видеото се појави деновиве, во која скопската траперка решила да „отера се’ по список и да му врати секому по мерка“… Онака како кој заслужил, кој ја повредил, колку кој бил некоректен, нефер, гнил… Всушност гневот собран сиве овие години кој го носела во себе, решила да го исплука и остави зад себе и да проба да најде спас во еден поинаков, сосема нов начин на живот во кој постои „Баланс“?

Всушност барајќи го истиот помеѓу лошото и доброто во и околу нас, Дијана Оу Џи преку своето животно искуство раскажува и многу туѓи или поточно многу од нашите лични животни приказни.

 

Верна на својот препознатлив стил – комбинација од урбана чувствителност, женска самодоверба и актуелен музички правец, со песната преку спотот визуелно раскажува приказна која лесно се поврзува со публиката, приказна во која секој од нас лесно може да се препознава, приказна која остава простор за лично толкување.

Генерално „Баланс“ е современа урбана песна која ја истражува тенката линија помеѓу внатрешниот мир и секојдневниот хаос, носејќи силна лична и искрена порака. Текстот е напишан од самата Дијана Оу Џи, додека музиката и продукцијата се дело на Христијан Трендафиловиќ – Fleggma.

Видеоспотот визуелно ја надополнува атмосферата на песната, со јасна естетика и урбан израз. Режијата, снимањето и фотографијата ги потпишува Кристијан Крајчевски, додека монтажата и графиката се дело на Nic. Спотот се издвојува со минималистички, но впечатлив визуелен пристап, кој ја потенцира пораката за рамнотежа и самосвест наместо китење со фејк вредности и живот во лажен свет.

Со „Баланс“, Дијана Оу Џи продолжува да го гради својот автентичен уметнички идентитет, комбинирајќи лична искреност, современа продукција и јасна визуелна визија. Песната и спотот претставуваат уште еден чекор напред во нејзината кариера и потврда за неколку скалила поблизу на патот кон тронот на домашната трап сцена.

 

To top