Радио Милева за чао

Сања Савеска со специјална секси фото-честитка ја испраќа годината: „2025-та, фала ти“

Сања Савеска со специјална секси фото-честитка ја испраќа годината: „2025-та, фала ти“

Иако во телевизиското водителство беше години пред да стане водителка на „Брза кујна“, Сања Савеска сега ја ужива својата најголема популарност откако влезе во тимот на едно од најгледаните клулинаски шоуоа кај нас.

Шефовите се менуваа, но таа откако дојде на местото на Александра Пановска Илиевска, остана перманентна домаќинка меѓу зелените и црвените.

Изминатите месеци од 2025-та година Сања оствари и доста ангажмани како инфлуенсерка на разни производи кои ги рекламира на Инстаграм, а со тоа покажа и докажа дека и оние кои ја ангажираа, во неа гледаат супер репрезент.

Во една од нејзините последни објави на Инстаграм, Сања и тоа како изненади кога провокативноста е во прашање, но видовме и дека фотографијата е само увертира на она што следи сега… Празнична фотосесија каде таа доминира во секси дамско издание со доза на провокација каква од неа не сме виделе.

На прв поглед дури и тешко за да ја препознаеш дали навистина е таа со вака впечатливо истакнување на раскошното деколте кое наедно го откри  својот потенцијал.

Драматично, секси и моќно во црн корсетиран фустан со металик детали токму во пределот кај градите, што го направи ефектот уште повпечатлив.

Црвениот крмин пак, дополнително ја направи уште посексапилна, вистински избран детаљ од шминката кој придонесе секси Сања да издоминира од фотосесијата чија намена има цел да се испрати 2025-та година.

-2025-та, фала ти- стои во кусиот опис на водителката.

Новогодишните фотосесии од познатите Македонки станаа реткост во денешно време, па ова празнична фото- честитка од Сања е вистинско освежување.

А на 2025-та може да и се спушти слушалка и да и се каже „чао“.

фото:Instagram printscreen/sanja_saveska

To top