Радио Милева се огласи скршена од болка...

Почина мајката на познатата македонска ријалити учесничка: „Ангелу мој… уште многу имав да ти кажам…“

Почина мајката на познатата македонска ријалити учесничка: „Ангелу мој… уште многу имав да ти кажам…“

Македонската ријалити  учесничка,  сајз плус старлетата Моника Станојкова сподели тажна вест која ги потресе нејзините пријатели и  следбеници на социјалните мрежи.

Преку емотивна објава на Инстаграм, таа откри дека на 45 годишна возраст прерано починала нејзината мајка – личноста која, како што самата често истакнувала, имала посебно место во нејзиниот живот.

Во кратка, но длабоко трогателна порака, Моника се прости од својата мајка со зборови исполнети со љубов, болка и тишина што зборува повеќе од сè:

„Мајко моја… Ангелу мој…
Уште многу имав да ти кажам…
Повеќе ништо не боли.
Летај високо, највисоко.“

Објавата за кусо време собра голем број реакции, пораки со сочувство и поддршка од пријатели, јавни личности и следбеници, кои ѝ упатија зборови на утеха во овие тешки моменти на македонската ријалити учесничка во најпознатото регионално реално шоу „Елита“.

Фото: Инстаграм/stanojkovastar

To top