Радио Милева баш се потрудил

Бака Прасе го украси домот со елка од речиси пет метри

Бака Прасе го украси домот со елка од речиси пет метри

Јутјуберот Бака Прасе покажа како го украсил својот стан за Нова Година.

Во својот препознатлив стил, Богдан Илиќ, повторно привлече огромно внимание кај јавноста.

Тој објави видео на социјалните мрежи во кое ја покажа својата новогодишна декорација, а особено истакна дека потрошил дури 50.000 евра за празничните декорации, што веројатно го кажа саркастично сакајќи да алудира на поединци.

Централното место го зазема масивна елка висока околу 4,5 метри, богато украсена со светла, детали и голема црвена машна, создавајќи вистински празничен спектакл.

Покрај елката, просторот е исполнет и со гигантски декорации и огромни кутии во форма на порадок, кои му даваат на целиот амбиент сценски изглед.

фото:Instagram printscreen/bakaprase

To top