Кога станува збор за комплименти, некако секогаш мислиме на жените прво, но и мажите сакаат да ги добиваат.
Изненадувачки, онаа за нивните гениталии не е на прво место, а ова е листата на комплименти кои најмногу сакаат да ги слушаат.
5. За неговата големина
Сè уште е во првите пет, но изненадувачки, не е на прво место на комплименти кои мажите сакаат да ги слушаат. Истражувањата покажуваат дека мажите сакаат да слушаат дека се многу надарени, дури и кога треба да им биде сосема јасно дека тоа не е така.
4. Смисол за хумор и интелигенција
Тие често одат рака под рака, и ако на мажот му дадете комплимент кој ги опфаќа и двете, тој ќе се чувствува многу посебно.
3. Мирис
Жените сакаат мажи кои мирисаат убаво, а мажите сакаат жени кои им го кажуваат тоа.
2. Стил на облекување
Звучи неверојатно што овој комплимент им се допаѓа многу повеќе од оној на петтото место, но токму тоа го кажува истражувањето. Иако изгледа дека ова е комплимент на кој паѓаат само жените, мажите се многу чувствителни на модата.
1. Коса
Кој би помислил? Просечниот маж многу напорно работи за да ја направи својата коса да изгледа совршено, а иако за тоа е потребно многу помалку време и труд од жените, косата е нешто на што се многу горди. Комплиментите за вашата коса се сигурен начин да му го разубавите денот на мажот.
извор:попара.мк
фото:Freepik