Радио Милева семејна трагедија во низа

Македонскиот пејач Дарко Илиевски само пред неколку месеци остана без татко му, а сега почина и мајка му: „Болката е преголема, тишината боли“!

Македонскиот пејач Дарко Илиевски само пред неколку месеци остана без татко му, а сега почина и мајка му: „Болката е преголема, тишината боли“!

Некогаш многу популарниот македонски пејач Дарко Илиевски кој веќе неколку години живее во Америка, повторнио објави нова тажна вест на својот Фејсбук профил.

Откако само пред неколку месеци го загуби татка си, кога тагата се’ уште не беше сосема исчезнала , а раните од загубата се уште свежи, сегапејачот  обзанани дека починала и мајка му. Повторно скршен од болка, Даре се огласи на социјалните мрежи, поточно на својот Фесјбук профил со трогателна порака преку која ја соопшти жалната вест.

„Драги пријатели. Со голема болка ве известувам дека денес си замина и мајка ми… Болката е преголема, тишината боли! Ми замина најголемата љубов. Мамo, те сакам најмногу! Чувајте се со тато.

Доколку сѐ уште ги имате своите родители, застанете една минута, јавете им се и кажете им дека ги сакате.. еден ден ќе немате можност да го направите тоа“ – напиша Илиевски на социјалните мрежи.

Пораките со коментари за искрено сочувство до него и целото семејство се редат во низа од сите блиски роднини, пријатели, познаници, соработници…

При ваквите големи загуби непостојат зборови на утеха, а времето никако не ја лечи тагата и болката. Остануваат само спомените и празнината во душата со која  учиме како да го живееме животот понатаму… Онаков каков што е. Сочувство од редакцијата на Вистина.

Инаку, Дарко Илиевски беше еден од најпопуларните и најперспективните пејачи на својата генерација.

Публиката најмногу го памети по дуетот со ДНК и нивниот заеднички хит „Едно тело.

Откако се ожени за Ивана, ќерката на легендарниот македонски и екс – ЈУ ДЈ и менаџер, стружанецот Славе Ќелешовски, замина со сопругата да живее во Америка, каде Славе со семејството веќе претходно долги години живееше.

Дарко и Ивана во бракот ги добија двете дечиња, кои имаат двојни имиња. Синчето Матео Ноа и ќеркичката Ана Ирена.

Фото:Facebook/Darko Darre Ilievski

 

To top