Радио Милева без никакво објаснување

Барбара Бобак проговори по депортацијата: „Oва нема да помине вака“

Барбара Бобак проговори по депортацијата: „Oва нема да помине вака“

Пејачката Барбара Бобак се огласи откако беше депортирана од Шведска и изјави дека ќе ангажира адвокат за да поднесе тужба.

Бобак помина повеќе од 30 часа заробена на аеродромот во Гетеборг, од кој замина вчера, 30 ноември во 16 часот.

На Барбара и нејзините колеги кои се нашле во иста ситуација не им било дозволено да се вратат во Србија со директен лет, туку биле депортирани во Сараево.

По пристигнувањето во Босна и Херцеговина, Бобак се појави бледа и уморна во медиумите.

– Се чувствувам катастрофа, уморна, скршена… – изјави пејачката за Хајп. Барабара нагласи дека прво сака да се врати дома и да се одмори, а потоа ќе преземе правни мерки.

– Сега ќе ангажирам адвокати, веројатно ќе има тужба. Ова нема да оди вака, бидејќи ние невините луѓе бевме држени повеќе од 30 часа како најлоши престапници и најлоши затвореници, па само ќе си одам дома и ќе видам кого ќе тужам и како – заклучи Бобак.

 

Таа и неколку други колеги беа приведени на аеродромот во 8:30 часот наутро во саботата на пасошка контрола. Тие се обидуваа да влезат во Гетеборг за да одржат распродаден концерт таа вечер, на кој ги чекаа повеќе од 1.000 луѓе. Сепак, по испрашувањето, тие беа приведени во посебна зона на аеродромот без никакво објаснување, иако ги имаа сите потребни документи и работни дозволи.

Foto: Printscreen/Instagram/barbarabobakmusic

To top