Мегафон тажна вест

На 88-годишна возраст почина Лени Вилкенс: Замина легендарниот НБА тренер и играч

На 88-годишна возраст почина Лени Вилкенс: Замина легендарниот НБА тренер и играч

Познатиот НБА тренер и играч Лени Вилкенс почина сношти на 88-годишна возраст. Тој беше играч, тренер и член на „Куќата на славните“.

За време на неговата 15-годишна играчка кариера, Вилкенс беше деветкратен НБА Ол-стар и двапати ја водеше лигата по број на асистенции. Беше играч-тренер четири сезони – три со Суперсоникс и една со Блејзерс – пред да се посвети на тренерската работа со полно работно време.

Вилкенс ги предводеше Соникс до шампионската титула во НБА во 1979 година и беше прогласен за тренер на годината во 1994 година.

Со 1.332 победи е трет на сите времиња – додека ги тренираше Сиетл, Портланд, Кливледн, Атланта, Торонто и Њујорк, пред да се пензионира во 2005 година.

Тој одигра 2.487 натпревари – рекорд во НБА. Тој исто така освои олимписко злато како тренер на американската репрезентација во 1996 година.

Вилкенс е еден од петте лица примени во Кошаркарската сала на славните „Најсмит Меморијал“ како играч и како тренер (другите се Џон Вуден, Бил Шарман, Том Хајнсон и Бил Расел).

Извор: МИА

Фото: Facebook/NBA

To top