Радио Милева честитки

Александар Јосифовски потврди дека ќе стане татко, а сега со нови возбудливи моменти: Балони кои го открија полот на бебето

Александар Јосифовски потврди дека ќе стане татко, а сега со нови возбудливи моменти: Балони кои го открија полот на бебето

Музичарот Александар Јосифовски од Охрид, кој стекна популарност  со учеството во „Ѕвездите на Гранд“, наскоро ќе добие нова улога во животот –  татко.

Пејачот со својата нова девојка Ана Павиќ очекува бебе и тоа беше неодамна потврдено за „Гранд“.

Акександар  и неговата сакана и идна мајка на неговото дете,  се пофалија пред сите за нивната радост па одлучија да ги следат и актуелните трендови за откривање на полот на бебето.

Тие на забавата за откривање на полот  која ја приредија покажа дали ќе биде момче или девојче, па  подготвија розови и сини балони.

„Девојче е“ – откри пејачот  на социјалните мрежи за што доби многу честитки и допаѓања, за најновата вест која ја сподели.

 

Рокерот тоа го откри, вчера, токму на денот на неговиот роденден. за кој исто така доби многу четитки.

Да потсетиме, Александар се разведе пред шест месеци, а неодамна  ја претстави својата нова девојка Ана пред јавноста.

Foto: printscreen/instagram

To top