Пејачката Александра Младеновиќ е кусонога негативка, тврди нејзината постара колешка Јелена Карлеуша.
Шоубиз војната меѓу Карлеуша и Александра Младеновиќ започна затоа што поранешната „Ѕвезда на Гранд“ застана во одбрана на лутата ривалка на Јелена за Цеца Ражнатовиќ, која се обви во бугарското знаме на концерт во Македонија.

– Идејата да се завиткаш среде Македонија со знамето на земја што го оспорува името и постоењето на државата Северна Македонија, а потоа да го бакнеш, а потоа да го фрлиш на подот?! Тоа се вика дно! Не глупост или незнаење. Дно – рече Јелена на Цециа, на која веднаш во одбрана дојде Александра Младеновиќ, која немаше добро мислење за Карлеуша уште од натпреварувањето во „Ѕвездите на Гранд“.
– Таа најде на некој да му држи лекции?! Не осудувај за да не бидеш осудувана!

Јелена, како што се очекуваше, не ѝ остана должна!
– Секогаш велев – жените со кратки нозе и кратки прсти не можат да бидат добри луѓе! Сите можеме да држиме лекции за Цеца. Сите ние чесни луѓе! Секој што не носел сандали, што не бил во затвор, сигурно може да држи лекции за Цеца – рече Карлеуша.
фото: instgaram/tiktok/makedon4e




