Радио Милева покајник, губитник или соучесник?

Се огласи и Мики Секуловски: Цеца била неупатена во политиките помеѓу Македонија и Бугарија, а тој во прв момент не видел што наметнала!? (ВИДЕО)

Се огласи и Мики Секуловски: Цеца била неупатена во политиките помеѓу Македонија и Бугарија, а тој во прв момент не видел што наметнала!? (ВИДЕО)

По скандалот на кионцертот во неговиот роден Велес, се огласи и македонскиот пејач Мики Секуловски, кој беше дел од тимот на Цеца Ражнатовиќ и во моментот на осамнувањето на бугарското знаме на рамената на пејачката од Житораѓа  се наоѓа до неа на сцената. Тој преку видео на социјалните мрежи го објасни своето гледање на нештата, својата страна на приказната која ја извади од кожа Македонија. Мики изјави дека во прв момент воопшто не забележал дека пејачката држи знаме, мислејќи дека станува збор за реквизит – натпис со нејзино име или фотографија.

Кога наводно по бурните реакции, свирежите и негодувањата на публиката видел што е во посреди и го тргнал знамето. Тоа што се обидувал да ја смири публиката вели дека го направил за да не дојде до поголем инцидент, зашто забележал дека ситуацијата почнала да излегува од контрола.

За својата “Гранд“ менторка вели дека Цеца наводно била тотално неупатена во политика и не и биле познати и јасни односите на Македонија и Бугарија, па затоа во прв момент ништо не сфатила! Констатира дека му е жал што се случил ваков скандал токму во неговиот роден Велес, кога на сцената бил тој заедно со неговата „Гранд професорка“ – Цеца!

Обид и самиот да се „извади“, а патем и да ја „испере“ Цеца од калта во која самата до гуша се зацапа или искрена исповед на едно несискусно момче кое во сета оваа „естрадно-политичка драмолетка“ испадна дека е колатерална штета?

Преслушајте го неговиот исказ па проценете самите дали Мики Секуловски само се најде на вистинското место во погрешен момент со погрешна личност? Потоа самите заклучите дали е покајник, губитник или соучесник?

 

To top