Радио Милева отстапка од редот

Цеца не сака да зборува за тоа: Анастасија Ражнатовиќ ја прекина семејната традиција

Цеца не сака да зборува за тоа: Анастасија Ражнатовиќ ја прекина семејната традиција

Пред нешто повеќе од две години, Анастасија Ражнатовиќ  му кажа „да“ на својот избраник, Немања Гудељ.

Освен што не сакаше камери на својата свадба, Анастасија ја прекина децениската традиција започната од Цеца, а продолжена од нејзината тетка Лидија и снаата Богдана.

Имено, кога Вељко се ожени пред четири години, невестата ја носеше венчаницата во која Цеца се омажи во февруари 1995 година.

– Бев воодушевена кога ја видов Богдана во мојата венчаница, иако ја имав видено во неа и претходно – рече фолк ѕвездата кога се ожени нејзиниот син.

Луксузната бела креација купена во Милано, која носи етикета на грчки дизајнер, ја носеа и Цеца и Богдана, а меѓунив и Лидија кога се омажи за Предраг Оцокољиќ.

Фактот дека традицијата е важна во семејството Ражнатовиќ е одамна познат на јавноста, па многумина очекуваа дека Анастасија ќе ја носи и скапата венчаница од тантела, но тоа не се случи.

Таа се одлучи за понамален и помодерен модел. Иако Цеца никогаш не сакаше да се меша во одлуките на својата ќерка, пејачката само еднаш зборуваше за свадбата што ја планираа Немања и Анастасија.

– Што се однесува до свадбата на Анастасија, таа е веќе ме ажена. Сè зависи од обврските на Немања, но тие се венчани таму каде што треба да бидат, пред Бога, ова останува формалност – изјави Цеца Ражнатовиќ пред две години.

фото:You tube printscreen/ Svetlana Ceca Raznatovic/ Pink.rs/ instagram

To top