Пејачката Наташа Беквалац вчера го промовираше својот нов албум „Мама“.

Наташа Беквалац ја организираше промоцијата на својот нов албум во ресторан во главниот град, а нејзиниот стил и декорација привлекоа посебно внимание.

Имено, сè беше во бело, исто како и Наташа, а амбиентот многумина ги потсети на свадба.

Пејачката се појави во долг бел фустан со превез околу главата, а околу неа беа запалени миризливи свеќи.

Foto: Prints Creen/Instagram





