Семејната лоза на семејството Филиповски се продолжи со доѓањето на свет на малата Лиана која особено го обои животот на тато Мартин и мама Андреа.
Откако малечката стана центарот на нивниот универзим, се’ се врти околу неа и само за неа, и не само за мама и тато, туку и за чичковците, вујкото, бабите…

Лиана е нивната инспирација, а што би рекле или пееле тие како „Некст тајм“ – „целиот свет во раце две“, непресушен извор на љубов, позитивна енергија, смеа, неизмерна радост, па дури и таква за акустичен концерт по дома, специјално само за неа.

Репертоар разбирливо соодветен за малата принцеза, особено ако е дојдено време за приспивна, тогаш тато и чичо со гитарите во раце и пеат и свират во нејзиниот, но и нивниот свет од бајките.
View this post on Instagram
Една од најубавите детски песнички испеани кај нас, „Во светот на бајките“ од истоимената ТВ серија, Мартин и Стефан и ја свиреа и пееја специјално на Лиана.
„Детска химна“ која го одбележа растењето на многу генерации, овој пат разнежни многумина на социјалните мрежи, па браќата добија дури и сугестија да ја препеат и постават јавно.

Милина од глетка за топење на срце и душа, а веруваме и успешна мисија како приспивна, ако воопшто и тоа им беше намерата…
фото:Instagram printscreen/ nexttimeband/ kristijanteodorov/bl.andrea







