Радио Милева умни глави...

Димитар Атанасовски, Сара Мејс и децата заминаа на планина, па таму играа „Погоди кој сум“: Што мислите кој погоди од прва кој од сто и прва? (ВИДЕО)

Димитар Атанасовски, Сара Мејс и децата заминаа на планина, па таму играа „Погоди кој сум“: Што мислите кој погоди од прва кој од сто и прва? (ВИДЕО)

Врнежлив викенд, ама тоа не пречи да биде како создаден да се побегне негде на чист воздух, надвор од градот на планина. Така барем сметаше семејството на познатата брачна двојка Атанасовски – Костадиновска, па Димитар и Сара заедно со децата се собраа од дома, го стартуваа автомобилот и викендов – правец Самоков.

На блиц бегство од „урбаната џунгла“ во село Лупште, за многумина  најубавото село во Порече.

Локацијата на семејството оддамна му е позната иако времето баш и не се погоди за да може на пример таткото да се изигра со децата, како и секогаш…

…Или Димитар да се слее со природата како некогаш!

Ама затоа врнежливото утро како она од песната на мама Сара, „Врне, врне“ нуди и други опции за домашна забава. Играта наречена „Погоди кој сум“, ама оваа малку поинаква отколку онаа со топката, малку поинтелектуална, пологичка, за која ти треба текнувало и брзо размислување.

Први во неа се опробаа децата. Синчето на Сара и Димитар покажа врвна бистрина, па „умните глави“ како него, од прва го погодуваат она што им е зададено. Во случајов, кое животно е на картата што ти стои над очилата на главата. Големо е, јаде мед, бобинки, месо и живее на планина!? А малечкиот како од пушка, погоди без грешка дека тоа е мечка!

Некој погоди веднаш од прва, ама некој од сто и прва… Некому му требаа секунди, а некому баеги минути… Можеби и часови, да не беше она „повикај пријател или помош од публиката“ –  во случајов помошта од семејството за да се погоди, овој пат не животното, туку јадењето што му стоеше насликано на картата на чело, на кој друг ако не на таткото.

А, Димитар божем вака налик, вешт и итар, што би рекле да му симнеш капа, ама во играва се покажа – тапа!  Да не е ова, да не е она, да не вакво, да не е такво, дали  се јаде наутро за доручек или за ручек…? Се вари ли или се пржи, да не се пече, ти реков ми рече… Помина половина час, а од точниот одговор ни трага ни глас?!

И откако речиси помошта од фамилијата му го одгатна решението „од збор до збор“, тој  конечно успеа да го изусти точниот одговор. А толку беше лесно, само требаше да се сети дека се во прашање шпагети!

Арно ама, за разлика децата, за некои работи возрасните „се дрва“… Малечкиот погоди од прва, а татко му Димитар… од сто и прва!

Фото и видео: Инстаграм/sarahmace__

 

To top