Актерот Том Хенкс беше забележан во њујоршкото метро, приклучувајќи се кон редот на познати личности кои користат јавен превоз на Менхетен.
Актерот се возеше во њујоршкото метро и уште еднаш покажа дека е една од најскромните холивудски ѕвезди, пишува Дејли меил.

Актерот, чие богатство се проценува на 400 милиони долари, беше облечен едноставно и носеше маска за лице.
Сепак, иако се обидуваше да остане непрепознатлив, неговите вистински обожаватели не можеа да го пропуштат, а неговите фотографии од метрото брзо се проширија на социјалните мрежи.
What do you notice about these pictures? 😷
I guess he doesn’t want to catch C19 again… pic.twitter.com/zAdywpXDHz— Just A Neighsayer (@justaneighsayer) October 7, 2025
Хенкс изгледаше сосема опуштен за време на возењето – стоеше близу вратата и ги гледаше толпите како и секој друг патник. Иако актерот сигурно има личен возач, тој им се придружи на растечкиот број познати личности кои беа видени како го користат метрото за да се движат низ Менхетен во последните месеци, вклучувајќи го и актерот Харисон Форд.
Хенкс се ожени со актерката Рита Вилсон во 1988 година. Двојката е во брак 37 години и има две деца, Чет (34) и Труман (29).
Foto: prinstceen/







