Мегафон премиера

Брилијантна оперета „Лилјакот“ на „кралот на валцерите“ Јохан Штраус – помладиот во МОБ

Брилијантна оперета „Лилјакот“ на „кралот на валцерите“ Јохан Штраус – помладиот во МОБ
„Лилјакот“ – едно од најпопуларните и највесели музички дела на сите времиња – брилијантна оперета создадена во 1874 година од „кралот на валцерите“ Јохан Штраус II  премиерно ќе се игра на 25.10.2025, во 20 часот на сцената на Македонската Опера и Балет (МОБ).
Ова ремек-дело претставува маестрална комбинација на љубовни интриги, недоразбирања и суптилен хумор, сместени во блескавиот виенски свет на валцери, балови и маскенбали.
Со својата неповторлива музичка елеганција и живост, „Лилјакот“ продолжува да го освојува светот повеќе од еден век, носејќи ја радоста, духот и шармот на виенската традиција.
Инфо за комплетната авторска и солистичка екипа, во описот на настанот ЛИЛЈАКОТ / DIE FLEDERMAUS – Johann Strauss II (ПРЕМИЕРА / PREMIERE) и на: www.operabalet.mk
To top