Во француската модна престолнина пулсира париската модна недела каде секоја нова сезона е претставена пред модната публика од целиот свет, a за која Париз е главна станица кога се презентираат колекции за следната сеозна.
Па така, ако речиси секогаш читаме и гледаме што има ново од светските брендови презентирани таму, овој пат за сезоната пролет- лето 2026 беше презентирана и македонска колекција од свечени фустани со потписот на младата успешна македонска дизајнерка Моника Коцарева.

Моника под париските светла со гордост ја претстави колекцијата насловена „Fleurs du Mal“ („Цвеќиња на злото“), која претставува модерна реинтерпретација на париската уметност од 19 век.

Со неа, Коцарева прави спој меѓу класиката и современото — меѓу деликатноста на уметноста и силата на жената. Секоја креација зборува за контрастите на животот – убавината и темнината, нежноста и храброста.
Од колорната палета Коцарева користела пригушени тонови, а од кројот остри архитектонски силуети, везани детали и уникатни аксесоари.

А откако беа пезентирани моделите на писта во еден луксузен париски хотел, како што е ред, се појави и дизајнерката во црна макси тоалета во истиот сензибилитет, но во случајот вниманието апсолутно го украде нејзината малечка ќеркичка фатена со мама за рака.

-Париската недела на модата секогаш ќе има ново, посебно значење за мене. Да бидам на сцената со мојата ќерка, гледајќи ја како сјае посилно од кој било рефлектор, беше момент што никогаш нема да го заборавам. Мојот најголем дизајн секогаш ќе биде убавата, самоуверена личност во која таа стана. Ова беше повеќе од писта – тоа беше спомен создаден со мојата омилена личност на светот, вели Моника.

А кога си во Париз би било лудо да не се направи и наменска фотосефија која ќе остане да сведочи за големото париско претставување кое наиде на доста реакции таму, но и од домашните љубители на модата кои видоа од социјалните мрежи.
Коцарева дефинитивно печатот го остави во Париз, но воодушевувањата од успехот и постигнатото ниво не останаа незабележани и на наш терен.
фото:Instagram printscreen/mkocareva







