Радио Милева сеќавање од летото

Викторија Лоба го прослави роденденот на мајка си со емотивен спомен на Инстаграм

Викторија Лоба го прослави роденденот на мајка си со емотивен спомен на Инстаграм

Пејачката Викторија Лоба е позната не само по својот глас, туку и по својот впечатлив руски изглед со продорни сини очи, нежен лик и долга руса коса која ја прави препознатлива на сцената и во јавноста.

Во последната објава на Инстаграм, Викторија ги освои срцата на своите следбеници со една емотивна кратка приказна.

Таа сподели фотографија од убав спомен од летото, на која позира заедно со својата мајка Татјана Луговаја. Поводот беше посебен – роденденот на нејзината мајка, на кој Лоба јавно ѝ ја честиташе прославата, придружувајќи ја објавата со познатата мелодија „Happy Birthday“ во оригинално џез издание.

Викторија Лоба е родена во Таганрог, Ростовска Област, а на осум години се преселила во Македонија со мајка си. Нивната врска е силна и воедно емотивна, особено бидејќи мајка ѝ се омажи непосредно пред свадбата на Викторија пред три години. Во 2019 година, Викторија станува македонска државјанка и се венча со бизнисменот Ѓорѓи Калешов, чии животни моменти и понатаму ги дели со своите обожаватели.

Foto: printscreen/instgaram

To top