Кралица на бакшишот или принцеза на самотијата? – вака некако може да се протолкува последната изјава во вид на желба на пејачката Марија Луиса Тодоровска.
Имено, за неа оддамна се познати две нешта: Можеби ептен врвно не пее, нема манекенски пропорции и „нозе уз врат“, ама затоа од неа нема подобра која знае и умее како да им го извлече бакшишот на гостите.
Од друга страна колку и добро да заработува, колку и да е атрактивна и привлечна, провокативна и предизвикувачка, особено одвреме-навреме со своите возбудливи фотографии и видеа полни со експлицитна голотија, Марија никако нема среќа во љубовта.

Редовното одржување на „тековните потреби“ е друга работа, зборуваме за љубовта… Онаа вистинската, која е олицвотворена во сериозна љубовна врска која неретко завршува со брак… Или барем заеднички живот.

Арно ама… Наместо со љубовник, Марија Луиса се’ уште живее со цимерка – нејзината другарка Тамара. Домашното милениче не го броиме. И тука е маката… И нејзина и особено на мајка и, да не остане немажена ќерка и’.

До душа Марија навидум „пет пари не дава“ што се’ уште е мома, ама сепак… На моменти и самото и доаѓа да си каже дека е како бидермар. Сите што се фатиле со неа – се оженија… ама со друга!

Што значи, не дека мажите не ја сакаат, ама никако некој со неа да се задржи, да остане… На неодредено! Не барем досега!
Така што пејачката се’ уште утеха наоѓа во богатата „бакшиш жетва“, со која одново сликовито се пофали, ама при тоа и тесктуално се пожали, колку да разбие малер или клетва: „Камо среќа да ме сакаат мажите, колку што ме сакаат парите“!

И колку и да звучи шокантно, една стара скопска вели вака: „Кој има среќа во љубовта, нема во печалбата и обратно“! Па сега ти види што е подобро, а што бетер!
Фото и видео: Инстаграм/luisa.todorovska







