Дијана Дурлевиќ македонската (т)рап артистка попозната како Дијана Оу Џи по девет месеци минати зад решетки што во соседна Србија што во Шутка, беше пуштена дома, во куќен притвор, кој неодамна и беше укинат.
Слободата на движење одново и беше вратена, за што Дијана се пофали со видео обзнана на социјалните мрежи, каде го покажа судското решение за нејзино слободно движење. А, кога си повторно на слобода – радоста е голема, па дури и поголема од периметарот на кругот во кој мора да се движиш.

Имено, пејачката е слободен човек, ама не баш до крај. Зашто можеби на јавноста и не и е познато дека македонската „(т)рап певица“ на ногата мора да носи т.н. „наногица“ или безбедносна алка.

Според правилата, притвореникот се согласува да ги плати трошоците на инсталацијата кај него дома или во просторот каде ќе го издржува домашниот притвор.
Оддалечување на растојание подолго од предвиедниот простор или надвор од зацртаниот периметар во кој му е овозможен престојот, преку таа алка алармира до органот задолжен за контрола. Македонија таков систем има во вид на донација од 2014 година.

Дијана Оу Џи сега може и да прошета само што нејзината рута е лимитирана, па не смее да се оддалечува надвор од предвидената дистанца. Според споделеното на нејзините Инстаграм приказни, Дијана Оу Џи најверојатно тербала да му биде гостинка на македонскиот „картон соопштувач на пораки“ Бомбакис, кој сега има таканаречен „RealCarCast“,
автопоткаст во кој тој муабети сои своите соговорници додека ги вози на совозачкото седиште во автомобилот.

Ако било така, а сите наводи на тоа налагаат, „Бомба“ сигурно извозел некое кругче надвор од „дозволениот круг“, па алката на пејачката веднаш реагирала?! Впрочем и директорот на Управата за извршување санкции е склон кон брзи реакции, па за да не и се случи од слобода повторно да заврши во ќелија, Дијана побрзала да ја вратат дома?!
Патем веројатно со себе го носела мобилниот, па одговорила на повикот за проверка, по што повторно може мирно да си свирка во домашна атмосвера.

И додека скопската трап убавица гордо ја покажува својата „наногица“, сега е јасно зошто за македонската пејачка може да се каже дека е „Пепелашка од наше маало“. Малку фалеше да задоцни, па да се кае… Само што немаше кочијата да и се претвори во тиква, ниту пак да ја изгуби чевличката, туку ќе ја изгубеше слободата, а топлиот дом ќе и го заменеа со ладна ќелија!
Кругот е малечок, а во него сме сите, но само Дијана Оу Џи не смее, надвор од него да излезе!
Фото: Инстаграм/iamdijana.og







