Вера Мештеровиќ, познатата ТВ водителка и активна Инстаграм инфлуенсерка, повторно ја воодушеви својата публика со инспиративни објави од егзотична дестинација.
Додека многумина се збогуваа со септември и ги споделуваа своите впечатоци од изминатиот месец, Вера септември го остави зад себе и во октомври му посака „добредојде“ од Хургада.
Таму, на авантуристичка тура во египетската пустина, покажа една поинаква и неочекувана страна од себе. Во едно сосема ново издание, Вера позираше во традиционална облека на локалните жители, носејќи специјални очила за заштита од острото пустинско сонце и прашината.

Заедно со пријателите, уживаше во уникатната атмосфера на Бедуинското село, документирајќи ги моментите со фотографии кои ја доловуваат автентичноста и духот на местото.
Во описот на својата објава, Вера со оптимизам и надеж ги повика следбениците да им се радуваат на новите предизвици: „Добредојде Октомври, да видиме какви предизвици ќе ни донесеш, среќа, радости, убави изненадувања…“

Со вакви искрени и живописни моменти, Вера Мештеровиќ продолжува да ги инспирира своите следбеници, спојувајќи ја својата професионална и приватна страна на најдобар можен начин.
Foto: print Screen/Instagram/veramesterovic




