Радио Милева со доказ на дело

Судејќи по се’ она што се случува дома, Даниел Кајмакоски си доби своја музичка наследничка

Судејќи по се’ она што се случува дома, Даниел Кајмакоски си доби своја музичка наследничка

Победникот на Икс- Фактор и наш поранешен евровизиски претставник, Даниел Кајмакоски, живее убави и исполнети семејни денови, особено откако стана татко по третпат, односно вторпат од бракот со сопругата Марина.

Поп пејачот секојдневно доживува голема радост и среќа поради божјата благослов да се оставри како татко на синче и ќерка – малите Стефан и Емилија.

Уште откако се роди Стефан, Даниел е отворен да споделува моменти со јавноста, како и овој пат, но сега пејачот фокусот го стави на малата наследничка чии музички гени од тато очигледно предничат.

Седната зад клавирот стискајќи ги црно- белите клавиши, малата Еми почна да покажува кои „играчки“ и се најинтересни, а тато со гордост го сподели овој момент.

Бидејќи мама Марина е медицинар, а тато во музиката, ќерката барем сега засега изгледа дека повлекла на него.

Инаку, малата убавица Емилија наскоро во месец ноември ќе полни една годинка.

фото:Instagram printscreen/ daniel_kajmakoski

To top