ТВ водителката на „Брза кујна“, Сања Савеска, заводливо позираше во долг фустан и се пофали со својот изглед.
Сања во последно време почесто го привлекува вниманието на социјалните мрежи, што тоа и го направи и сега.
Таа сега облече провокативен фустан кој ја истакна нејзината убавина. Длабокото деколте беше во преден план, откривајќи ги градите на водителката.

Сања се фотографирала себе си во огледало позирајќи заводливо, а овие фотки без сомнение, никого не оставија рамнодушен.

Она што беше впечатливо е тоа што Сања се фотографираше во познатата поза која Анџелина Џоли ја направи на Оскарите во 2012 година, кога стана вирален хит, а неодамна ја пресоздаде во елегантен капут кој беше откопчан за да се создаде истакнат шлиц.

Токму шлицот е „виновникот“ кој ги спои Анцелина и Сања, нагласувајќи го впечатокот за едноставна, но драматична елеганција.

Поводот за кој водителката се појави во ова издание е нејзиното присувство на фестивалот Киненова, а таа на Фејзбук покрај ова издание напиша:
“Безвремена елеганција“.


Фото: print Screen/Instagram/Facebook//angelinajolie.gold/jl.angie.aj/sanja_saveska







