Радио Милева разочарана

Пресврт на ултразвукот: Милица Тодоровиќ плаче поради грешката на докторот

Пресврт на ултразвукот: Милица Тодоровиќ плаче поради грешката на докторот

Иако првично ѝ било кажано дека носи девојче, Милица Тодоровиќ на последниот ултразвук дознала дека сепак ќе роди син.

Милица Тодоровиќ се повлече од јавноста откако дозна дека е бремена, а извор близок до неа открл за тамошните медиуми  дека пејачката ќе има син, со маж со кого претходно беше во врска, а на кого му се врати по раскинувањето на врската со уапсениот хрватски бизнисмен Марио Беришиќ.

– Милица е посреќна од кога било! Со години сакаше да стане мајка и нејзината желба конечно ќе се оствари. Таа ужива во бременоста и се обидува целосно да се исклучи од светот на забавата. Поголемиот дел од времето го поминува во Белград, а нејзиниот партнер се обидува да ѝ угоди во сè. Тој се однесува кон неа како кон вистинска кралица, а нејзината мајка Јасмина, која е пресреќна што е баба и целосно ја разгалува својата ќерка, често ја посетува. Таа ѝ помага, ѝ дава совети и подготвува сè што сака. Милица е најсреќна што има такво семејство и што сите се обидуваат да ѝ ги олеснат и да ѝ ги направат деновите од бременоста поубави – ја започнал приказната новинарот за Информер.

Иако првично ѝ беше кажано дека ќе роди девојче, атрактивната пејачка сепак ќе роди син. – Кога лекарите ѝ кажаа дека очекува девојче, таа беше пресреќна! Целото семејство со нетрпение го очекуваше доаѓањето на девојчето, но на последниот ултразвук, работите тргнаа наопаку. Лекарите сфатија дека Милица очекува син! На претходните прегледи, бебето беше свртено така што не беше јасно кој пол е. Лекарите претпоставија дека е девојче, па затоа малото ги изненади – рекол соговорникот.  

– Милица на почетокот беше разочарана, бидејќи копнееше по ќерка, но нејзиниот партнер ѝ рече дека дефинитивно нема да застанат на едно дете и дека следното ќе биде девојче. Дознаа дека сè е во ред со бебето, и тоа сигурно им беше најважно. Тие се пресреќни што ќе станат родители, а нејзиниот партнер е горд што ќе има наследник. Нивните семејства им помагаат колку што е можно повеќе, а сестрите и мајката на Милица веќе купуваат облека во нијанси на сина и со нетрпение го очекуваат доаѓањето на малиот принц – додал соговорникот.

фото: print Screen/Instagram/milica.todorovicc.fp/milicatodorovicofficial

To top