Радио Милева за љубовта, достоинтвото, почитта

Синот на Војо Стојаноски, Дамјан, отворено пред камера: „Тежината на наследството е привилегија, но понегокаш и голем товар“

Синот на Војо Стојаноски, Дамјан, отворено пред камера: „Тежината на наследството е привилегија, но понегокаш и голем товар“

Семејството Стојаноски со децении е симбол на македонската народна песна, а да се биде дел од истото истовремено е и чест и обврска.

Дамјан, синот на легендарниот пејач на народна песна, Војо Стојаноски, имаше 18 години кога почина татко му. Дамјан често изјавува дека љубовта кон музиката и народната песна ја наследил од татка си, но и дека Војо му бил најдобар пријател, одличен родител, ментор и идол.

Дамјан продолжи по стапките на татко му, запишувајќи се на Факултетот за музичка уметност на отсекот – соло пеење. Истовремено, започна музичка кариера: на фестивалот „Филиграни“ и ја доби наградата за најдобар дебитант, а на „Гоце Фест“ ја освои првата награда на публиката, за песната „Ај со господ напред“.

Дамјан открива дека некогаш тежината на наследството е привилегија, но понекогаш знае да биде предизвик, но и товар.

-Колку и да доаѓаш од музичко семејство, ако си тргнал сам да градиш некоја кариера, мора луѓето по нешто лично тебе да те запознаат и по некој твој квалитет. Искрено јас иако доаѓам од музичко семејство, секогаш сум ја имал порддшката. Но, патот го започнав како и сите други, нај, најскромно, најобично, за бидејќи мора некој, брем мислам, мора да се поминат сите скалила. Ако прескокнуваш скалила, кога тогаш ќе повторуваш некоја лекција, резимира Дамјан за „Бекстејџ“

За потсетување, македонскиот фолк-пејач Војо Стојаноски, пoчинa на 6. мај 2014 година на 65-годишна возраст од рaк на панкреас. Toj зад себе остави голем број на песни и концерти одржани во Македонија и странство. Негови најпознати песни кои оставија трага во македонската народна музика се „Ти донесов млада невеста“, „Една мисла имаме“ и „Свадба голема“…

Војо Стојаноски во бракот со новинарката Евица Камберова – Стојаноска, го добија синот Дамјан.

Дамјан денес освен тоа што е еден меѓу најбараните млади фолк пејачи, тој и на приватен план е реализиран сопруг и татко на две дечиња- син и ќерка.

Во продолжение го имате целосното интервју на Дамјан пред камерата на естрадниот магазин „Бекстејџ“.

фото:Facebook printscreen/Damjan Stojanoski/ You tube /backstage/ Instagram printscreen/stojanoski.damjan

To top