Радио Милева за среќа на сите

Дарко Лазиќ се огласи по сообраќајката: „Изгубив контрола, бев во несвест“

Дарко Лазиќ се огласи по сообраќајката: „Изгубив контрола, бев во несвест“

Во својата прва изјава за „Блиц“ по сообраќајната несреќа, пејачот Дарко Лазиќ откри како се случило и како што вели, не се сеќава на ништо.

-Ја изгубив контролата, гледам дека сите пренеле дека сум бил пијан, а се споменуваат и недозволени супстанции. Ги имам сите наоди од болницата. Фала му на Бога, никој не е повреден, преживеавме. Сопругата е добро, јас добив повреди на главата, ништо сериозно. Врнеше дожд, ме однесе автомобилот, удрив во автобус. Никој не беше во автобусот, никој не е повреден, сите сме живи и здрави. Дури не беше ни пребрзо возење, да продолжуваме понатаму – ни рече Дарко.

Тој и неговата сопруга биле разделени, па единственото нешто што му беше важно беше дека таа е добро.

– Во еден момент бевме разделени, јас бев во несвест, но не се сеќавам на тоа. Многу ми е мило што органите на редот реагираа брзо, како и службите за итни случаи. Видов дека не е до мене, веднаш прашав дали е добро – рече Лазиќ и продолжи:

– Знам само кога дојдов во болница и кога се видов во огледалото и дека главата ми е расцепена, докторот ми рече дека не е толку страшно колку што можеше да биде. Имам 15 конци, но морам да напоменам дека нема алкохол ниту недозволени супстанции.

фото:Instagram printscreen/darkolazicofficial

Поврзани теми

To top