ТВ водителката, Вера Мештеровиќ, која ова лето ги воодушевуваше сите со своите фотографии во летно издание, сега изненади со сосема поинаква објава на Инстаграм.
Позната по тоа што често ги споделува највозбудливите моменти од својот приватен и професионален живот, таа оваа есен реши да покаже поинаква страна од себе.

Вера денот го започнала активно, а своите следбеници ги почести со фотографија во сосема природно издание, без шминка, снимена во опуштена атмосфера во бавчата.
Под фотографијата напиша: „Пред зајдисонце да се фати денот во бавчата“, а со тоа привлече доста позитивни реакции.

Иако многупати летово ги „запали“ своите фанови со совршениот изглед на плажа во бикини, ова е доказ дека водителката знае да ужива и во едноставните, природни моменти од животот.

Вера Мештеровиќ, овој пат покажа дека убавината и среќата не се секогаш во блескањето, шминката и во провокативните пози туку во искреноста и скромноста.

Foto: printscreen/Instagram/veramesterovic







