Радио Милева пак е онаа старата

Деа Ѓурѓевиќ одново е онаа старата згодна и атрактивна: ТВ водителката го остави зад себе тешкиот период и со мали промени се врати на свое (ФОТО)

Деа Ѓурѓевиќ одново е онаа старата згодна и атрактивна: ТВ водителката го остави зад себе тешкиот период и со мали промени се врати на свое (ФОТО)

ТВ водителката Деа Ѓурѓевиќ зад себе го остави тешкиок период, а по опоравувањето од грозоморната сообраќајна несреќа целосно се посвети на себе. Својата линија ја доведе до посакуваниот изглед, па иако со години не го менуваше имиџот, сега реши да се промени.

Иако е позната по русата коса, сега решила да ги скрати шишките, а изгледа сосема поинаку. Имено, Деа позираше со нова фризура во нежно розов фустан, кој ја истакна нејзината фигура, а во преден план беа извајаните нозе. Добила бројни комплименти за својот изглед, а следбениците и напишале дека изгледа како девојче.

Водителката ненадејно се здебели по страшната несреќа која ја имаше во 2019 година, а еднаш откри како успеала да ослаби 30 килограми.

„Се мерев додека не ослабев 30 килограми, а потоа престанав! Не знам дали после тоа повеќе ослабев или качив некој килограм, единствено ми е важно да можам пак да ги закопчам фармерките. Сега конечно повторно носам мала големина и среќна сум“ – изјавила Деа тогаш за Хит и објаснила како ја одржува линијата.

„Се трудам да јадам ограничена количина на храна и да не јадам мрсна храна. Многу е тешко човек да се контролира, но јас најчесто успевам! Исто така, одамна немам вечерано, а ако се случи да изедам нешто навечер, избирам да биде салата“.

Да потсетиме, по несреќата, благодарение на стручноста на лекарите, бројните операции и нејзината волја, Деа успеала да преживее, но несреќата оставила последици на нејзината рака, кои лекарите едвај ја спасиле.

Фото: Инстаграм/deadjurdjevic_official

 

To top