На профилот на познатата пејачка од Куманово, Ивона Јо, вчеравечер осамна тажна вест.
Ивона и нејзиното семејство загубија дел од себе, го загубија човекот кој таа го нарекува тато.
Со фотографија кога некогаш бликаше од боја, денес во црно- бела варијанта Ивона ја сподели истата, само овој пат за жал дополнета со нејзиното болно збогување.

-Tато не се договоривме вака… еј… Тато дојди…
Тато.
Известување до сите роднини и пријатели
Погребот ќе биде одржан во с. Љубодраг утре во 13 часот. -стои во дополнувањето.
Искрени пораки со сочувство пристигнуваа од сите оние што ја познаваат, иако зборови за утеха во вакви моменти нема.

Сочувство и од редакцијата на Вистина.
фото:Instagram printscreen/ivonajo







