Радио Милева сатисфакција најголема

Еуфорија и хаос на настап на Антониа Гиговска во Гевгелија: За едни радост до небо, а за други солзи

Еуфорија и хаос на настап на Антониа Гиговска во Гевгелија: За едни радост до небо, а за други солзи

На времто кога армија обожаватели трчаа по Тоше Проески, нешто подоцна и по „Македонските Идоли“ , а потоа и периодично за Даниел Кајмакоски по неговата победа во „Икс -Фактор“, веќе гледаме како минато.

За македонските артиски ваквото уважување од фановите, особено од најмладите, на естрадата ретко и се случува, но кога тоа е така, тогаш таа чиста детска љубов и фаворизирање укажува едно – тој пејач или пејачкка за нив е најголема ѕвезда!

Такво време денес живее младата пејачка Антониа Гиговска.

Дека чекори по вистинскиот професионален пат покажуваат нејзините бројни музички проекти и песни кои секогаш се тука без пауза, а згора на тоа инстантно стануваат хит.

Најголемата сатисфакција за неа е кога публиката во еден здив ги пее сите песни, па дури и оние поновите.

Еден таков пример кој апсолутно ја отсликува нејзината ѕвездена реалност беше токму неодамнешниот настап на отворено во Гевгелија каде Антониа покажа која е и колку е обожавана.

Тие ја величаат и се восхитуваат, ја креваат до небо, а кога ќе добијат и едно „селфи“, тогаш обожувањето станува уште поголемо, незаборавно и за паметење.

Сепак, армијата е голема, огромна, а таа тешко дека може да успее да им ја исполни желбата на сите, колку и да сака.

Обезбедувањето ја спроведе за се’ да помнине во најдобар ред, но на крај имаше и случаи кои не успеаја, па трчаа да ја стигнат.

Сепак, за нив до некое следно видување на кое сигурно желбата да имаат спомемн со ѕвездата ќе им биде исполнет.

Стимул, мотивација, инспирација, она што Антониа го живее е остварување на нејзиот сон… а за тоа секако се заслужни нивното височество – фановите!

фото:Instagram printscreen/antoniagigovskaa

To top