Радио Милева директорот со јасна одлука

Евровизија пред скандал: Ирска се повлекува од натпреварот ако учествува Израел

Евровизија пред скандал: Ирска се повлекува од натпреварот ако учествува Израел

Ирска нема да учествува на Евровизискиот натпревар следната година доколку на Израел му биде дозволено да учествува, објави денес националниот радиодифузер РТЕ.

Во соопштението на ирскиот радиодифузер се наведува дека на Генералното собрание на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), одржано во јули, неколку членови изразиле загриженост за присуството на Израел на Евровизија, пренесува „Скај њуз“.

Директорот на Евровизискиот натпревар, Мартин Грин, изјавил дека ќе „ја почитува одлуката на секоја земја“ што сака да се повлече од натпреварот.

фото:Instagram printscreen/eurovision

To top