Велат дека врнежливото време е плодно време, а за ТВ и радио водителот Марко Новески ова излезе ептен точно бидејќи овој ден беше дупло плоден- Марко стана татко и тоа на близнаци.
Мама Цена на свет донесе момче и девојче, а гордиот татко веднаш сакаше да им се пофали на сите за оваа неизмерна радост и дар од Бога.
– Добредојдовте Вања и Веда и фала ти Цена што ми го оствари најголемиот сон ТЕ САКАМ, напиша Марко во прилог на фотографијата од близнаците.
За оваа дупла среќа честитките почнаа да се редат до недоглед за близнаците кои добија уникатни имиња, особено она на ќеркичката – Веда.
Марко важи за еден од најхаризматичните и најнасмеаните водители, а нема сомнеж дека денес неговата насмевка ќе биде придружена и од солзи радосници како никогаш досега.
За потсетување, Марко и Цена се свршија за време на корона пандемија, а Марко откри дека поради престапната година неговата сега сопруга решила таа да го побара за сопруг, насместо тој неа.
Честитки, живи и здрави Вања и Веда!
фото:Facebook/ Marko Noveski