Аца Лукас не штедеше зборови за својот колега! Пејачот, настапувајќи во клуб, беше видливо револтиран кога публиката почна да фрла бакшиш по клавијатурата и веднаш ги предупреди гостите да престанат со „китење“.
– Ќе повторам уште еднаш: Не дозволувајте никој да ми фрла пари по клавијатура затоа што пијам виски од чаша, а не од чевла. Под едно. Јас сум Аца Лукас, а не Ѓани. Не носете пари, не ме брукајте, ве молам – им рече Лукас на публиката пред да го отпее својот голем хит „Запишете го мојот број“.
@stojchev91 @ACA LUKAS #King #Stuttgart #Zapisitemibroj #NoDjaninomoney #Viral ♬ Originalton – Aleksandar Stojchev
Да се потсетиме дека во видеото, кое брзо стана вирално, Ѓани седеше на подот и пееше на забава додека гостите фрлаа банкноти по него.
Еден гостин, кој беше особено трогнат од песната, му дозволи да пие од чевлата, на што Трајковиќ веднаш се согласи. Присутните го снимија тој момент во неверица.
фото:Tik-Tok printscreen







