Новиот сингл на Милица Павловиќ „ADHD“ беше објавен вчера(8. септември), а воедно е и првата песна од нејзиниот нов албум, на кој работи долго време.
Песната „ADHD“ опишува личност која го одбива партнерот поради недостаток на фокус и концентрација, велејќи дека здравјето е поважно од љубовта.

Овој сингл, за кој оние што го слушнале велат дека ќе биде голем хит, е придружен со еден од најскапите видеа во кариерата на музичката ѕвезда.
Видеото е моделирано според светските модни едиторијали и научно-фантастични приказни, како што е серијата „Westworld“.
Милица е скенирана од две жени лабораториски научнички, додека во паралелна сцена инјектираат „ADHD течност“ во нејзиното тело.

Во ова видео, Милица Павловиќ нема деколте, провокативна облека и силна шминка во ниту една сцена.
Беше само прашање на време кога „ADHD“ ќе се појави во една од нејзините песни, бидејќи Милица често коментира со своите најблиски соработници дека сите имаат нарушување на вниманието.
Песната „ADHD“ е на познатиот композитор Дејан Костиќ, кој соработуваше со Милица на песната „Provereno“, како и на хитовите „Lav“, „Lake note“…

Спотот го потпишува видео продукцијата „NN media“ со уметнички директор e самата Милица Павловиќ, која е вклучена и во продукцијата и создавањето на секој нејзин проект.
Песната и музичкиот спот „ADHD“, кои можете да ги погледнете на линкот подолу:
фото:Instagram printscreen/senoritamilica




