За Марија Луиса Тодоровска веќе оддамна е познато дека е „естрадна кралица на бакшишот“, зашто како што многумина велат, ќарот од бакшиш и е многукратно поголем, отколку самата цена за настап! Како и не би кога атрактивната битолчанка со скопска адреса знае и умее како да ги навлече на себе и својата песна, ама и заведе со својот изглед, имиџ танц, со фаталната привлечост и нескротливиот сексапил, што секој што бил на нејзините настапи можел да го види и почуствува.

Арно ама, кога си толку заводлива и фатално неодолива, а при тоа социјалните мрежи умееш максимално да ги искористиш за сопствена маркетинг промоција со провокативни фотографии и видеа, ризикот да ти се закачат разни “пациенти“ е повеќе од многу извесна!
Навлечени на разголено женско тело на познати убавици, поединци си имаат разни барања, желби и „прохтеви“, подготвени да понудат што имаат да понудат!

Откако Марија Луиса сфатила дека наместо само да ја „гушат и заморуваат“ од дотичните „од желба изгорени“ може и да профитира, сковала итар план.
Пејачката смислила како да ги навлече и намами кога веќе имаат „желба“ како да и праќаат нивни „конкретни“ фотографии. Дали обични или што е уште пострашно – поексплицитни, за неа многу се битни, зашто потоа Марија од истите научила како да заработи!

„Ги навлекува мажите да ми праќаат слики, послем им вела праќај пари или ќе те пратам кај жена ти. Има работи кој сака да работи“ – ја обзнанила својата „работна шема од по дома“ Марија Луиса Тодоровска, за која нема естрадна криза зашто и кога не пее, пејачката пари „жнее“ од лековерни мажи на социјалните мрежи.
И после Солун може не е наш, ама затоа е нејзин… И тоа во секое време, кога и да посака!
Се разбира сето ова Марија го споделила само на шега, колку сите заедно да се посмееме… Или можеби не? Како и да е, пејачката најдобро си знае!
Фото и видео: Инстаграм/luisa.todorovska





