Радио Милева Најлесното ДА... што некогаш го кажала

Некогашниот наш познат ТВ водител Дамјан Дренковски ја побара раката на Македонка од Америка: „Високо момче за таа да може да посегне по сите ѕвезди и ниска девојка за да го излуди“

Некогашниот наш познат ТВ водител Дамјан Дренковски ја побара раката на Македонка од Америка: „Високо момче за таа да може да посегне по сите ѕвезди и ниска девојка за да го излуди“

Некогаш беше познат македонски новинар и ТВ водител… Мажиште со кошаркарска височина, кој се појавуваше во неколку ТВ проекти. Но Дамјан Дренковски како што од нигде-никаде се појави, така и речиси преку ноќ  го снема, се повлече од телевизиските екрани. Јавноста го памети и по тоа што Лила и Спасе Рола му беа едни од најверните другари меѓу познатите личности.

Подоцна замина за Дубаи каде со години работеше. Но, од неодамна повторно ја смени адресата на живеење.

Дамјани, како што беше познат во јавните кругови  сега престојува во САД со својата девојка Александра Огненовска со која наскоро и пред Бога и пред законот ќе се заколнат на вечна љубов.

Имено, Александра објави видео на кое го покажа свршеничкиот прстен откривајќи ѝ на јавноста дека тој ја прашал дали сќе му биде сопруга, а таа го кажала судбоносното „ДА“.

„Најлесното ‘ДА’ што некогаш сум го кажала… моето срце тоа го знаеше долго пред моите зборови да го изговорат“ – напишала идната животна избраничка на Дамјани во свој оригинален стил на нејзиниот Инстаграм профил.

Во кусото видео клипче  каде нивните раце се допираат, пак таа додала: „Моментот пристигна… засекогаш започнува!

Сон на една ниска девојка: да го пронајде своето високо момче и заедно да освојат сè – дури и горната кујнска полица! Од крадење бакнежи на прсти до чувство на врвот на светот, совршена комбинација! Кому му треба столче или скалички кога имаш високо момче за да посегнеш по ѕвездите и ниска девојка за да го излудиш?“, напишала таа покрај задничката фотографија на „Инстаграм“.

Инаку избраничката на Дренковски живее во Њујорк, поточно Њу Џерси и се занимава со дигитален маркетинг, велат информациите.

Останува дилемата дали Лила ќе биде кума или старосватица, а Спасе деверот или во тие улоги ќе се појават некои други лица, со китенка на реверот?!


Фото: Инстаграм/ aaleksandra_o

To top