Лажиците се подготвени, тавите загреани – време е повторно да се вклучи брзината и вкусот на 11-тата сезона на кулинарското шоу „Брза кујна“.
Тимот во иста постава од водителката и домаќинка Сања Савеска, шеф Никола Мишковски и шеф Бобан Симоновски како и сите оние зад камерите без кои не би постоел финалниот резултат пред ТВ екраните.
Тие започнуваат со снимање на новата сезона и вратата е ширум отворена за сите нови кандидати кои сакаат да го покажат својот талент, креативност и страст за готвење.
Меѓудругото новата сезона започна роденденски и тоа јубилеен 40-ти за шеф Никола.

Генерално во „Брза кујна“ се’ е исто, освен славеникот кој се појави пред камери со шокантна трансформација. Познато е дека Никола изминатите неколку месеци напорно работеше на себе и својот изглед, а сегашниот резултат со симнати повеќе од 35 килограми е навистина импресивен.

Навидум ист, но како друг човек, шеф Никола Мишковски преполовен и доста во минус, а веруваме дека со новиот стил на живот веќе навикнал да одолева на предизвикот постојано да биде пред вкусните специјалитети кои ги придотвува.
фото:Facebook / Brza kujna/ Instagram printscreen/sanja_saveska




