Свршеницата на Кристијано Роналдо блесна во Венеција на голем филмски настан.
На 82-от Филмски фестивал во Венеција се одржа премиерата на филмот „Татко Мајка Сестра Брат“, а парадата на познатите ѕвезди не нè разочара ниту овој пат.
Покрај гламурозните тоалети и креации, вниманието на јавноста го привлече само една – Џорџина Родригез, свршеница на фудбалерот Кристијано Роналдо.
View this post on Instagram
Се чини дека славеничката атмосфера по повод свршувачката сè уште ја „држи“ убавицата, а прстенот, кој чини помеѓу два и пет милиони долари, гордо е комбиниран со нејзините смели комбинации.

Имено, таа прошета по црвениот тепих во црна тоалета од тантела украсена со цветни детали и длабоко деколте. Покрај тоа, тоалетата ги истакнуваше бујните гради и облини, а забележлива беше и малата насмевка што им ја испрати на љубопитните фотографи.

Стајлингот го комплетираше со скапа огрлица, таканаречениот „чокер“, обетки и, секако, дијамантскиот прстен што го доби од нејзиниот сакан.
фото:Instagram printscreen / georginagio





