Летото почнува да ги брои своите последни денови, а деновиве најверојатно со високите температури ќе биде последниот летен здив.
Крајот на од лето 2025-то сепак не се чувствува виртуелно, зашто таму и тоа како горат жешките летни секси фотки на познатите естрадни дами.
Овој пат од младата оперска и поп пејачка Полина Тасева која постави серија фотки за кои самата вели дека се „лимитирана едиција“.

Свесна за се’ она што носи новото време, особено за да се биде актуелен меѓу јавноста, голема заслуга се препишува на социјалните мрежи, па затоа Полина таму ја има и тоа како.

Ефектно, директно и ултра впечатливо е речиси секое нејзино појавување, а особено на последно „фоткање“ од одморот покрај море каде Полина „си грми“ во бело бикии од кое фокусот бега само на едно место – големата тетоважа на бутот.

Некоја митска божица или специјално модифициран симбол на кој само таа го знае и чува значењето, Полина си знае најдобро…

Колоритно, деликатно, ама и незгодно кога погледот ќе те „однесе“ таму долу.
фото:Instagram printscreen/polinatas







