Поп-ѕвездата Бритни Спирс (43) повторно ја разбранува јавноста објавувајќи целосно гола фотографија на Инстаграм, но овој пат со емотивна исповед за тешките години низ кои поминала. Авторката на светскиот хит „Baby One More Time“ призна дека сè уште се чувствува „кревко“, но и дека се обидува да ги надмине годините болка, додавајќи дека конечно повторно е „гладна за живот“.
„Најтешките години од мојот живот беа кога не ги видов моите синови три години. Бев во шок, не се осмелував да се јавам или да им пишам. Мојот начин на преживување беше негирање и многу солзи“, напиша Бритни Спирс во својата објава.
Таа, исто така, се осврна на нејзиниот брак со Сем Асгари, за кој вели дека не бил правилна одлука.
„Бевме во брак, но ми изгледаше како лажно одвлекување на вниманието, само за да преживеам“, призна пејачката.
Бритни додаде дека сега е на пат кон закрепнување и дека чувствува промени во себе.
„Знам дека сум на пат кон закрепнување бидејќи повторно сум гладна како дете. Кога јадам, се чувствувам како да ми е прв пат во животот“, напиша Бритни.

За потсетување, Бритни со години живееше под старателство на својот татко, кое траеше од 2008 до 2021 година. Во тој период, нејзиниот татко, Џејми Спирс, имаше контрола врз нејзините финансии, приватниот живот, па дури и медицинските одлуки.
Foto: Printscreen/Instagram/Britni Spirs







