Пејачката Ана Николиќ го пријавила својот партнер Горан Ратковиќ Рале за насилство, пишува Хajp.
Таа прво отишла во полиција, каде го пријавила својот партнер, а по прегледот во Институтот за итна медицинска помош, било забележано дека пејачката имала физички повреди и била видливо вознемирена.

„По прегледот, Ана беше итно упатена на болничко лекување, а според документите што ги поседуваме, можеме да видиме дека Ана е сè уште Ѓуриќ“.
Пејачката претрпела повреди на главата и раката, меѓу кои и хематоми, но лекарите утврдиле дека не е сериозно повредена.

Патем, Ана Николиќ неодамна требаше да настапи во еден клуб во Будва, но непосредно пред свирката реши да го откаже концертот, наводно затоа што била премногу уморна.
Foto: printscreen/instgaram





