Калифорнијката Јасвин Санга, позната како „Кралицата на кетаминот“, се согласи да се изјасни за виновна по обвиненијата дека ја набавила дозата на анестетикот на рецепт што ја уби ѕвездата на „Пријатели“, Метју Пери, соопштија обвинителите во понеделникот.
Санга, чиешто судење требаше да започне во септември, ќе се изјасни за виновна по пет точки од обвинението, според договорот за признавање вина со федералните обвинители, според соопштението на Министерството за правосудство на САД.
Спогодбата за признавање вина доаѓа нешто повеќе од три седмици откако калифорнискиот доктор Салвадор Пласенсија, уште едно од петте лица обвинети во врска со смртта на Пери, се изјасни за виновен по четири точки од обвинението за нелегална дистрибуција на кетамин.

Санга, којашто властите ја опишаа како дилерка на дрога позната на клиентите како „Кралицата на кетамин“, е обвинета за снабдување со дозата што му го одзеде животот на Пери.
Обдукцијата заклучи дека Пери починал од акутните ефекти на кетаминот, кои во комбинација со други фактори, предизвикале актерот да ја изгуби свеста и да се удави во џакузито на 28 октомври 2023 година. Беше на 54-годишна возраст.
Пери, најпознат по улогата на Чендлер Бинг во хит-комедијата „Пријатели“ на NBC од 1990-те, јавно призна дека со децении користел дрога, вклучително и за време на врвот на неговата слава во шоуто.
фото:фото: Instagram printscreen/ mattyperry4
фото:







