Радио Милева љубовта не брои години

По два пропаднати брака Жељко Бебек денес ја љуби 34 години помладата Ружица

По два пропаднати брака Жељко Бебек денес ја љуби 34 години помладата Ружица

Жељко Бебек (79) со години ужива во хармоничен брак со својата сопруга, која е 34 години помлада од него и која го следи одблизу, дури и денес на сите концерти што ги организира.

Имено, иако жените му се фрлаа пред нозе во текот на целата негова кариера, Бебек пред неа, се ожени двапати, но Ружица е таа која му го украде срцето.

Првиот пат се ожени со Споменка, која му ја роди ќерката Силвија, вториот пат беше со Сандра, која му ја роди ќерката Бјанка. По два романтични бродоломи, тој ја запозна Ружица во 2002 година и тогаш започна нивната романса.

На почетокот ја криеја врската. Двајцата беа во тајна врска на самиот почеток бидејќи се плашеа дека околината ќе ги осуди поради големата разлика во години.

Жељко тогаш имаше 52 години, а Ружица 18.

-Со влегувањето во мојот живот, таа промени сè, рече еднаш пејачот.

фото:Instagram printscreen/pahuljicabebek

To top