Радио Милева Преслатко

„Целиот свет у една слика“: Бомбакис го доби најубавиот картон за себе (фото)

„Целиот свет у една слика“:  Бомбакис го доби најубавиот картон за себе (фото)

Момчето со картоните, кого повеќемина го знаат како Бомбакис, синоќа објави убава порака на својот Инстагарам профил.

„Среќен роденден тато те сакаме“- стоеше во текстот испишан на картонот кој Бомбакис го сподели во краткото „стори“.

По емотивната порака,  следеше и една семејна фотографија која ја објави на профилот на споменатата мрежа, каде позираше заедно со сопругата Вики и ќерката Бисера, па додаде и краток опис:

„Цел свет у една слика“  – напиша Бомбакис.

 

„Преслатко“, „Среќен роденден убаво семејство“, „Живи и здрави трио “   – се редеа честитките и допаѓањата под објавата.

Но доби и една која му остави впечаток и беше баш каква што во овој момент си посакува, нешто што би го израдувало повеќе од сѐ, па на пораката „Ми треба одмор“ додаде:

„И да знаеш дека ми треба“  – потврди  тој  без размислување.

Но, одморот го замени со поткастите кои ги работи па, славеникот веднаш заминал на снимање.

Тоа веднаш го сподели со големиот број следбеници па наместо голема забава напиша дека снима роденденски поткаст .

На крај најважно е  да е жив и здрав, а желбите и посакувањата кога тогаш ќе му се остварат.

Фото: printskrin/instgaram/bombakis

To top