Радио Милева наскоро...

Никола Станишиќ нема намера да одмора по победата во „Ѕвездите на Гранд“: Она што го најави многумина го чекаат со нетпрпение

Никола Станишиќ нема намера да одмора по победата во „Ѕвездите на Гранд“: Она што го најави многумина го чекаат со нетпрпение

Очекувано и нормално дека еуфоријата по победата на Македонецот Никола Станишиќ во „Ѕвездите на Гранд“ полека спласнува. Арно ама, Никола веројатно сосема свесен дека тоа по правило е така, веднаш се фати за работа во студио.

Станишиќ на својот Инстаграм профил најавува нова песна и тоа дуетска со фолк пејачот Гоце Петрески кој живее и работи во Австралија, но секогаш со задоволство се враќа во родната Македонија.

-Оваа недела конечно излегува мојата нова песна, за мене е многу посебна пред се затоа што е дует со мојот омилен пејач Гоце Петрески, а потоа затоа што допира до секое срце. Едвај чекам да ја слушнете и видите!- пишва Никола во најавата.

Песната ќе биде промовирана со спот од кој младиот пејач објави сегмент.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NIKOLA STANIŠIĆ (@nikolastanisik)

Фановите реагираа со коментари дека со нетрпение очекуваат да слушнат и видат што им подготвил Никола кој летово работеше на првата песна по победата во „Ѕвездите на Гранд“.

фото:Intagram printscreen/nikolastanisik

To top