Секое лето, ко по правило, Даниел Кајмакоски со неговата втора сопруга Марина и сега двете дечиња Стефан и Емилија доаѓаат на одмор во Македонија. Родната Струга на пејачот е нивното прибежиште, зашто само едно место на светот се вика роден дом, а и… „Како Струга нема друга“, нели?
Македонија е нашата богата природна убавица, а Даниел на своите најмили и на саканата добро знае дека има да им покаже доста тоа, па затоа кусите одмори во неговата родна земја не се опција.

Природните убавини најчесто се нивниот избор, а особено оние со историја.
Откако пееше како специјален гостин на концертот на Брена во Охрид, па патем и ги прошета саканите низ неговиот омилен Св. Наум, дојде ред подмладокот Кајмаковци да ја научат лекцијата и за Крушево.

Мапата ги однесе на Мечкин камен, а секако неизбежна беше и Спомен куќата на Тоше Проески.
-Крушево има душа, има историја, го има Тоше и неговите песни и спомени. Толку многу љубов и мир на едно место… пишува Даниел.

Синчето и ќеркичката можеби се малечки за да ја сфатат суштината и да научат, но секогаш учењето почнува од мали нозе, нели?

Како што тргнал тато Даниел, лекции за Македонија ќе има уште доста, многу посети, многу доживувања и спомени кои нема да избледат, туку само ќе стануваат поживописни за најмалите, па и за мама Марина која со радост доаѓа во родната грутка на сопругот.
Фото: Инстаграм/daniel_kajmakoski




