Радио Милева збогум фифи, добредојде џиа...

Македонската пејачка со шведска адреса летува во Охрид: Фифи веќе не постои, денес е Џиа Јаневски, русокоса дама со зелени очи!

Македонската пејачка со шведска адреса летува во Охрид: Фифи веќе не постои, денес е Џиа Јаневски, русокоса дама со зелени очи!

Ја препознавате ли оваа русокоса, која некогаш беше позната македонска музичка ѕвезда? Успеа далеку да дотурка дури и во популарното регионално музичко шоу Х- фактор каде го шокираше и жирито со својот изглед, однесување, а најмногу со својот настап и пеење, оставјќи го тогаш дури еден Жељко Јоксимовиќ посрамотен и без зборови?

Само што тогаш ТАА се’ уште официјално беше ТОЈ и изгледаше малку поинаку. Со црна долга пократка коса и без сите останати атрибути што денес го красат како жена.

Филип Јаневски попознат како Фифи подоцна замина да живее во Шведска, го смени името во Џиа, се подложи на хормонски терапии, го промени полот, направил  надградба каде што треба и сега коечно е свој. Онака како што Фифи отсекогаш се чувствувал – како жена! Само што од раѓање бил заробен во машко тело.

Денес тој е сосема друга личност. Русокосата Џиа која ја тера 34-ката, летово го слави животот во родната Македонија… Онака како што отсекогаш посакувала, а сега тоа може и да си го дозволи неоптоварена од туѓите предрасуди, непријатни муабети, тешки осуди! Со последните објави на својот Инстаграм профил откри дека деновиве е на одмор во Охрид.

Отседната во еден од познатите хотели на охридското езерско крајбрежје, во црни бикини со сламен шешир и темни сончеви очила, Фифи сега изгледа како отмена дама.

По прошетките по преубавиот македонски туристички бисер, пејачката искористи и да го присуствува на концертот на балканската фолк дива Лепа Брена на Билјанини извори.

Другиот ден уште една позната локација беше нејзина следна дестинација. Изворите на Свети Наум и местото каде Црн Дрим се влева во Охридското езеро.

Македонските специјалитети, прекразното сино езеро, сончевото време и сите останати природни и духовни охридски убавини му ги наполнија подиспразнетите батерии на некогашното момче (во кое од раѓање лежи скриена жена), кое денес е атрактивна русокоса со зелени очи, во која можеби некој во Охрид и ќе се вљуби, зашто како што самиот Фифи во една прилика знаеше да изјави:

„Никогаш не сум бил во врска со жена затоа што јас навистина сум вистинска жена. Во Македонија,  бев претежно со мажи кои ја криеја својата определба. Тие не сакаа да се знае дека сакаат мажи. Пред неколку години, бев во врска со човек кој не се плашеше да каже дека е со мене, убаво ни беше, но траеше само кратко време. Тој очигледно ме сакаше, но неговата мајка беше против нашата врска и заедно решивме да се разделиме после девет месеци. Не ги сакам феминизираните, туку вистинските мажи. Отсекогаш сум била со вистински, стрејт мажи, никогаш со геј, затоа што јас сум жена“ – говореше тогаша Филип Јаневски Фифи, денес русокосата македонска Швеѓанка, Џиа!

Фото: Инстаграм принтскрин/giajanevska

To top