Легендарниот американски актер Ентони Хопкинс се потсмеваше на новиот додаток што го продава Ким Кардашијан – маска за лице.
Ентони Хопкинс на шега го спореди новиот фејслифтинг од брендот SKIMS, во сопственост на Ким Кардашијан, со оној што го носеше во филмот од 1991 година „The silence of the Lambs“.
Актерот сподели видео на својот Инстаграм со маска со зборовите: „Здраво Ким, веќе се чувствувам 10 години помлад. Збогум“.

Потоа повторно го испушти својот познат звук од филмот додека ги рашири очите и се насмевна.
„Ти благодарам, Ким. Не плаши се да дојдеш на вечера“, напиша актерот од во описот на видеото, означувајќи ја 44-годишната Кардашијан и нејзиниот бренд за облека.
View this post on Instagram
Ким Кардашијан продава маска за обликување на лицето како дел од нејзиниот бренд Skims, а нејзината презентација предизвика доста бура на социјалните мрежи.
Со овој потег, таа докажа дека нереалните стандарди за убавина им се наметнуваат на жените низ целиот свет.
Sculpt Face Wrap чини 48 долари, а нејзината намена е да ги собере вашите образи и да ја обликува линијата на вилицата додека спиете. Се закопчува на врвот од главата и на грбот кај вратот.
Foto: print Screen/Instagram





